
Во тек се уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за академската 2026/2027 година.
Првиот уписен рок се реализира на 19, 20 и 21 август. Електронското пријавување на кандидатите веќе е отворено, при што тие имаат можност да ги пополнат пријавите, да ги внесат податоците од средното образование и да ги подмират трошоците за пријавување.
За новата академска година УГД нуди вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 места се во државна квота, 972 се за студенти со кофинансирање, а 735 места се наменети за вонредни студенти.
Најголем интерес се очекува за Факултетот за медицински науки, каде се предвидени 720 места, Факултетот за информатика со 470 места и Факултетот за туризам и бизнис логистика со 460 места. Слободни места има и на останатите факултети во состав на Универзитетот.
По завршувањето на пријавувањето, прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август, приговорите ќе се поднесуваат на 27 август, додека конечните решенија за прием ќе бидат објавени на 31 август. Запишувањето на примените кандидати ќе се реализира на 1, 2 и 3 септември.
Универзитетот и оваа година предвидува ослободување од партиципација за најуспешните кандидати кои ќе се запишат во првиот уписен рок како редовни студенти во државна квота и ќе имаат најмалку 80 поени. Дополнително, студентите на студиската програма Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет ќе бидат целосно ослободени од партиципација.
Дајана Сандева, М-Нет