
Во тек се систематските прегледи на учениците во Штип, кои се спроведуваат според распоредот на Здравствениот дом, во координација со училиштата. Целта е навремено откривање на евентуални здравствени проблеми кај учениците, преку проверки на растот, видот, говорот и физичкиот развој. Директорот на установата „Панче Караѓозов“, спец. д-р Горан Андонов, вели дека паралелно продолжува и редовната вакцинација на децата, со исклучок на БСЖ-вакцината, чие аплицирање е прекинато.
„Службата за превентивна здравствена заштита, односно одделот за вакцинација континуриано работи. Во овој период сега се систематските прегледи на школските деца, на ученциите. Да кај нас регуларно тече вакцинацијата, имаме доволен број. Знаете дека имаме допис од министерството за здравство за да се прекине вакцинирањето на БСЖ вакцина. Се уште чекаме повратен допис за да можеме да започнеме. Така што само вакцинирањето со БСЖ вакцина е прекината, сите останати вакцинации, односно сите вввакцини ги имаме и се продолжува со вакцинирање.“, кажа Андонов
Систематските прегледи ги вршат специјалисти педијатри од установата, а опфаќаат и психолошки и логопедски прегледи, проверка на видот, како и мерење на висината и тежината. Доколку се забележат одредени здравствени проблеми, учениците и нивните родители се упатуваат да побараат соодветна здравствена заштита.
,,Систематските прегледи се задолжителен преглед кај сите училишни деца, па и кај средношколците. Така што службата за превентивна здравствена заштита односно службата за вакцинации си има распоред и календар со кои што ги известува училиштата и тие се организираат и ги испраќаат учениците на систематски преглед. Тоа е задолжителен преглед, значи прегледот се прави од нашите специјалисти педијатри, кои што се вработени овде. Се прави психолошки преглед, логопедски преглед, се мери висина, тежина, се испитува вид, дали има ортопедски проблеми и доколку има нешто од тоа се укужавува на ученциите, односно на нивните родители дека треба понатаму да побараат соодветна здравствена заштита.“, вели Андонов
Во споредба со претходните години, денес се почесто кај децата се забележуваат проблеми со рбетот и видот. Според лекарите, една од можните причини е се поголемата изложеност на децата на мобилни телефони и социјални мрежи.
,,Во пракса и еве според кажувањата на докторите, да има значителен пораст во некои остапувања, посебно во ортопедските проблеми кај децата. Најчесто кифози, сколиози, значи искривувања на рбетот. Исто така има и намалувања на видот. Сега на што се должи тоа, претпоставките се дека децата се опкружени со социални медиуми, телефони, се претпоставува дека причината е тоа. Освен ова, други проблеми се и децата кои што подоцна зборуваат или некои логопедски проблеми, мислам дека тие се воглавно најчестите проблеми со кои се соочуваат децата еве во Општина Штип. Значи докторите педијатри даваат потоа препорака каде да се обрати детето, односно родителот каде да се обрати, за да сето тоа биде корегирано со текот на времето.“, додава Андонов
Доколку се забележат било какви промени, лекарите им даваат насоки на родителите каде да побараат понатамошна здравствена помош. Целта е тие проблеми да се третираат соодветно.
Иван Митев, М-Нет