Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 5 октомври, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2026 година.

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

„Ги известуваме корисниците на правото на Родителски додаток дека подготовката за исплата на ова право е во тек, и истата ќе се реализира во следниот период“, велат од Министерството.

Текстот Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита е превземен од МАКФАКС.