Во с. Бели кај „Дабот“ одржана манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“

Афористичкото здружение со вечер на македонски афоризам кај „Дабот“ во с. Бели. Актуелната ситуација предвидела веќе трета година по ред манифестацијата да се одржи на отворено, со што се наметнува и прашањето за ребрендирање на манифестацијата, која се одржува преку ден.

„Присутните колеги афористичари, кои беа учесници на минатогодишната манифестација и присутната публика беа презадоволни од локацијата и сите се согласивме наредните средби да ги одржуваме континуирано овде. Сега веќе се наметна и прашањето за ребрендирање, односно промена на името на манифестацијата, бидејќи веќе трета година ја одржуваме на отворено. Името „Вечер на македонски афоризам“ веќе не доликува, затоа, најверојатно, во иднина името на манифестацијата ќе биде „АФ-КО“ со додавка на годината на која се однесува, што значи афоризми – Кочани. И уште еднаш да кажам дека ова е десетто по ред, јубилејно издание на нашава манифестација“, образложи Атанасов.

Заинтересираноста и годинава е на високо ниво, а бројот на афористичари иако варирал, повторно е висок. Учесниците се од Велес, Скопје, Струмица, Кочани, а има и гостинка од Србија. Салите веќе неколку години се полни, а манифестациите на отворено полека се опоравуваат од ковид-пандемијата.

„Минатата година и предминатата поради пандемијата, промена на локацијата, публиката беше осетно мала. Годинава сѐ уште имаме рецидиви од тој проклет ковид, така што луѓето сѐ уште со скепса ја прифатија нашата покана, ама голем дел најавија присуство и се надевам дека ќе имаме солидна присутност на публика“, додава Атанасов.

Целта на настанот е да се доближи афоризмот до јавноста, бидејќи постојат малку можности истиот да се објави, презентира и да биде подостапен.

Ребека Спасова М-Нет