Во понеделник во Штип ќе биде отворена спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“

Во понеделник во Штип ќе биде отворена по вторпат спортската манифестација „Пролетни денови на училишен спорт“, која ќе се одржува во спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“.

„Во понеделник во СОУ „Коле Нехтенин“ ќе бидат отворени по вторпат Пролетните денови на училишниот спорт. Училишинот спорт има голем број на активности“, вели Зоран Арсов, претседател на училишен спорт на Штип за М Нет телевизија.

Сојузот на училишен спорт на Штип овој период има многу активности, а претседателот Арсов за М Нет телевизија направи ретроспектива на сите активности кои започнале во месец септември минатата година.

„Јас ќе започнам од почетокот, во месец септември и октомври ние започнуваме со општинските натпревари во фудбал, кошарка одбојка и ракомет за основни и средни училишта. Победниците од овие натпревари од општинските натпревари патуваат на зонските натпревари, сетоа тоа ни го завршуваме во септември и октомври. Во месец март започнуваме со регионалните натпревари каде победниците од зоната настапуваат на овие регионални натпревари. Штип е домаќин на осум регионални натпревари во државата“, додава Арсов.

Исто така, се опфатени и учениците од шесто и седмо одделение со учество на општински натпревари.

„Општинските натпревари за учениците од шесто и седмо одделение во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет“, вели Арсов.

Штип ќе биде домаќин на уште едно Државно првенство во ракомет за жени.

„Треба да напоменеме дека Штип ќе биде домаќин на уште едно државно првенство, а тоа ќе биде на 25 април во СОУ „Коле Нехтенин“ во ракомет за жени“, завршува Арсов.

Овие спортски активности се доста важни бидејќи преку истите особено за децата од основните училишта имаат можност да се приклучат во клубовите и професионално да започнат со спортување.

Александар Ванев, М-Нет