Во населба Баби каде денес граѓани чуваат живина и стока ќе се гради индустриска зона

Локацијата во населба Баби во Штип каде беа поставени објекти и граѓаните чуваат живина и стока е предвидена за индустриска зона. Откако дел од жителите истакнаа дека се соочуваат со неподнослива мизирба во овој дел од градот, а комуналниот инспектор при Општина Штип додаде дека се чека одлука од општината што ќе се гради овде, денеска се изјаснија и од општината. На просторот не треба да има бесправно изградени објекти, веќе поставените ќе се остранат и ова ќе биде нова инсустриска зона во градот.

„Врз основа на претходно направени анализи од одделението за хуманизам се констатира дека предметниот простор во иднина би бил атрактивен за изработка на посебен план за урбанистичка документазија со која би се овозможило развој, проширување на градот за сметка на парцели со намена индустрија. Од друга страна се покажа дека на самото место од повеќе инвеститори се градат бесправно изградени објетки со најразлични намени, кои постапки и судбина на овие објекти би била да се спроведе соодветна постапка за нивно отстранување“ – кажа Хаџи Николов.

Хаџи Николов додаде дека без разлика дали станува збор за објекти во планскиот опфат или надвор од него граѓаните треба да имаат одобрени за градба од општината. Во конкретниот случај одобрение немаат, што значи истите треба да се отстранат. Можни се и кривични пријави за граѓаните кои поставиле објекти и ги користат за разни намени.

„Како и да е вакви објекти не би можело и надвете локации да егзистираат без разлика дали се во плански опафат или надвор за изградба на објекти без разлика каква и да е намената.“ – додава тој.

Инаку, пред неколку дена жители од населбата реагираа на одгледувањето на живина во населбата и непосднослива миризба која се шири таму. Од општината истакнаа дека населба Баби се наоѓа на границата во Генералниот урбанистички план што значи овде не смее да се чува стока. Истовремено, објектите се на државно земјиште па мора да се отстранат, односно нема простор за нивна легализација.

Лаура Стојанова М-Нет