Во месец август мината година најмногу склучени бракови, во декември најмногу разводи

За 29,8% е зголемен бројот на бракови во текот на 2021 година споредбено со претходната година, ама за 25,2% е зголемен и бројот на разводи, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според анализите месец август се оценува како најповолен за склучување бракови бидејќи тогаш се сллучени 1981 брак или 14,9% од вкупната бројка. Граѓаните најретко се одлучувале да стапат во брак во месец април кога се склучени 667 бракови или само 5,1%. Според податоците на ДЗС во старосната група од 25 до 29 години се склучени 32,9% од браковите кај жените и 37,2% кај мажите. Во текот на изминатата година се склучени вкупно 13 337 бракови во државата.

Од друга страна пак регистрирани се 1964 разводи, од кои најмногу се во декември 202 или 10,3%. Најмлаку разводи се бележат во месец август односно само 3,6%. Според возраста, најголем број разводи се случиле во истата старосната група од 35 до 39 години, и тоа 364 или 18.5 % кај жените и 365 или 18.6 % кај мажите. Нјамногу бракови се растуриле по пет односно девет години.

Лаура Стојанова М-Нет