Во Кратово соочување на Силекс и Беса, Брера ќе има тешко гостување кај Гостивар

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Утре ќе се одиграат натпреварите од 11-тото коло од Првата фудбалска лига, а во рамки на истото во Кратово ќе има неизвесен дуел, Силекс ќе ја пречека Беса, која ќе има тешко гостување.

Трите бодови се императив и за двете екипи. Силекс сака место кое ќе го носи кон Европа, па затоа трите бодови се императив, а од друга страна Беса која ги заврши настапите во Купот сега е со максимален фокус на првенството.

Брера Струмица ќе има незгодно и тешко гостување кај Гостивар кој во претходното коло го доживеа првиот сезонски пораз со што се спушти до четвртото место на табелата. Теренот во Маџари му е познат на шефот на стручниот штаб на Брера, Горазд Михаилов кој за М Нет вели пополека ја привршуваат оваа полусезона, но да бидат подобро пласирани.

На „Билјанини Извори“ ќе се одигра меч за враќа на победничките патеки на Воска Спорт и Пелистер, трите бодов се императив и на двете страни. Воска Спорт на последните пет натпревари има три порази и две ремија, а пак Пелистер има победа, три ремија и еден пораз. Притисокот ќе биде на страна кај охриѓани кои сакаат победа и три бодови со цел да имаат што поголеми шанси за опстанок во елитата.

Вардар е во голема резултатска криза со четири порази во низа и тоа големи порази, па против Работнички во скопската пресметка влегува само со една цел три бодови и триумф, а со тоа да биде прв кој ќе го победи Работнички.

„Романтичарите“ играат одличен фудбал, моментално единствени без пораз со скор од шест победи и четири ремија и со залиха од четири бодови предност во однос на второпласираната Шкендија.

Шкупи и Тиквеш ги завршија настапите во Купот на Македонија и сега се фокусираат на првенството. Тиквеш на последните пет меча нема триумф, има пораз и четири последовалните ремија, без постигнат гол на последните пет натпревари. Шкупи е во променлива форма и против Тиквеш ќе бара три бодови со цел да може да фаќа приклучок за местата кои водат кон Европа.

Дербито на колото ќе го одиграат некогашниот шампион Шкендија и актуелниот шампион Струга, во дерби меч кој се игра во Тетово домаќинот ќе биде фаворит за трите бодови. Шкендија е во одлична форма, во однос на Струга која е променлива.

Натпреварите ќе стартуваат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет