
Првата женска фудбалска лига во Македонија брои десет екипи, но оваа сезона ќе се натпреваруваат девет, откако Шкендија пред стартот на првото коло поради финансии се откажа од натпреварување, па тоа значи дека испаѓање нема да има, бидејќи формално на последното десетто место се води Шкендија, битката ќе биде да се избегне претпоследното деветто место кое води во баражот за опстанок.
Четврта сезона како се игра Втората женска лига, таму најчесто доминираат една до две екипи, останатите немаат капацитет да парираат и да се наметнат за Прва лига, но голем проблем е тоа што играчи од Прва лига не сакаат да направат трансфер во екипа од Втора лига.
Во иднина Првата лига може да брои осум екипи, односно да има кратење на лигата, па на тој начин тие екипи ќе завршат во Втората лига, а со тоа да се подигне квалитетот на уште повисоко ниво во Првата, но и во Втората лига, која веќе функционира четврта сезона, вели Кирил Изов, тренер на ЖФК СЦ Истатов 2015 и поранешен селектор во спортскиот магазин Трибина на М Нет.
Втората лига брои осум екипи, а ова е четврто издание од истата.
Александар Ванев, М-Нет