Во ЖИВО само на М Нет: Беласица – Брегалница, сабота од 13 часот – правдата ќе ја дели Боби Величков

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 13. коло на Втората фудбалска лига, а гледачите на М Нет телевизија ќе имаат ексклузивна можност само на М Нет да го проследат дербито на Истокот меѓу поранешните прволигаши Беласица и Брегалница само на М Нет телевизија.

Беласица е со млад тим кој сака да се докажува против Брегалница која е далеку поискусна со играчи кои имаат прволигашко искуство.

„Сините“ на Трајче Сенев како фаворити патуваат во Струмица за деветто славје, во однос на струмичани кои атакуваат на четврти сезонски триумф.

Правдата на мечот во Струмица ќе ја дели велешанецот Боби Величков, а преност на М Нет телевизија ќе започне во 13 часот.

Што се однесува до судиите за останатите натпревари Дарко Котевски ќе им суди на Македнија ЃП и Вардар Неготино, Дејан Младеновски на Арсими и Борец, Александар Василевски ќе биде главен во Охрид каде ќе играат Охрид и Детонит Плачковица, штипјанецот Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Башкими и Кожуф, Доне Ристовски на Победа и Скопје, Пларент Салихи го доби мечот меѓу Новаци и Осогово, а пак Бардхиљ Ибраими ќе им суди на Саса и Вардарски.

Традицијата вели дека во Струмица треба да има најмалку два погодоци, а во меѓусебни дуели Брегалница е подобра. Дали Беласица може да напрви изненадување против фаворитот од Штип, в сабота од 13 часот директен пренос на М Нет Беласица – Брегалница.

Александар Ванев, М-Нет