Во ЖИВО на М Нет: Пелистер – Брера, сабота од 16:30 часот

В сабота се играат натпреварите од второто коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе можете да го следите во живо натпреварот од Кавадарци меѓу Пелистер и Брера, кој ќе стартува во 16:30 часот.

Ова ќе биде натпревар каде битолчани ќе бараат прва победа откако сезоната ја отворија со реми на домашен терен против Камјани играјќи 1:1, а пак струмичани ќе бараат второ славје по одличниот старт на сезоната – триумф над Еуромилк ГЛ од 2:0 на домашен терен.

Пелистер ќе ја има фаворитската улога, но фактот што не игра на својот терен може да биде предност и за младиот состав на Брера, кој уште во првото коло покажа дека сака да се докажува против секој противник и ќе оди на секој меч по три бода.

Сабота од 16:30 часот на М Нет телевизија директен пренос од мечот меѓу Пелистер и Брера кој се игра на Градскиот стадион во Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет