
Утре на програмата се натпреварите од 15. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток. Телевизија М Нет продолжува со натпреварите во ЖИВО од Втората и Третата македонска фудбалска лига, со што гледачите имаат ексклузивна можност да уживаат во фудбалските соочување и од овие две фудбалски лиги.
Утре во ЖИВО преку директен пренос од Пробиштип гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност да го проследат дерби соочувањето на домаќинот Рудар и Овче Поле од Свети Николе. Дерби во кое трите бодови се многу важни и за двете екипи, особено за гостите од Свети Николе.
Рудар ќе атакува на осми сезонски триумф пред домашната публика и со тоа ќе има можност да направи прогрес на табелата и сезоната да ја заврши со висок пласман во Трета лига – Исток. Овче Поле сака повторување на ланскиот бараж за Втора лига. Овој третолигаш лани беше шампион во Трета лига – Исток и обезбеди место во баражот за Втора лига, но таму беше декласиран од Арсими кој обезбеди второлигашки статут.
Овче Поле утре во Пробиштип ќе биде на сериозен испит против Рудар дали и колку може повторно да стигне до баражот за Втора лига, бидејќи лидерот Осогово од Кочани е сериозен конкурент и не „попушта“ на патот кон бараж за кам-бек во Втора лига, откако лани „жетварите“ испаднаа од второлигашкото натпреварување.
Главен судија на мечот во Пробиштип ќе биде Тоше Џамов од Кочани, а ќе му помагаат Дејан Стоиков и Гоше Велков, исто така од Кочани. Стартот на директниот пренос на телевизија М Нет е во 15:00 часот од Градскиот стадион во Пробиштип.