
Во сабота преку директен пренос на М Нет телевизија ќе можете да го следите во ЖИВО натпреварот меѓу Каменица Саса и Брегалница, кој ќе започне во 15:30 часот, а од 5. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Популарните „рудари“ после големата и убедлива пбоеда над Вардар Неготино во гости од 1:8 се силно мотивирани за освојување на бодовите и против штипските „сини“ кој во малото рударско гратче ќе допатуваат како фаворити за трите бодови.
Брегалница има скор од три победи и едно реми со што штипјани имаат десет бодови и се израмнети во врвот од табелата со Кожуф, Беласица и Шкендија Арачиново, а пак Каменица Саса има учинок од една победа, две ремија и еден пораз и се наоѓа на десеттото место со пет освоени бодови.
Во претходната сезона Саса беше подобра во меѓусебните дуели, соочување во Штип на овие две екипи заврши со победа за Брегалница од 2:1, а пак во Турново екипата на Каменица Саса со убедливи 4:0 ја декласираше Брегалница.
Следете го соочување на Каменица Саса и Брегалница преку директен пренос од Македонска Каменица на М Нет телевизија, сабота од 15:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет