
Утре се игра дербито меѓу Детонит Плачковица и Слога Виница од 3. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ова ќе биде всушност соочување и дерби и на две штипски тренери Горан Здравков на тимот од Радовиш и Емил Грнев на тимот од Виница.
Натпревар кој ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија преку директен телевизиски пренос од Радовиш.
Неколку фудбалери на Детонит Плачковица ја засили Слога Виница, па на тој начин ќе гледаме дерби соочување на неколку играчи кои сега ќе настапат против својот поранешен клуб од Радовиш.
Иван Настевски, Тони Мирчевски, Сухејб Рушити, Иљаз Чилафи се дел од фудбалерите кои во минатото беа дел од Детонит Плачковица, а утре ќе настап против својот поранешен клуб.
Двете екипи имат триумф и пораз, а утре ќе се борат за второ сезонско славје.
Детонит Плачковица е во комплетно нов лик, од претходните сезони остана само голманот Димитар Ѓоргиев, а радовишани имаат освежен ростер за новата сезона.
Соочувањето меѓу Детонит Плачковица и Слога Виница следете го во живо на М Нет, утре, сабота од 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет