Во ЖИВО на М Нет: Беласица – Шкендија Арачиново, недела од 18:30 часот

Утре ќе биде комплетирано седмото коло на Втората лига со дербито под рефлектори во Струмица меѓу Беласица и Шкендија од Арачиново, а кое дерби ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизјиа преку директен пренос.

Дерби на две екипи кои досега немаат забележа пораз, Беласица го дели врвот со Брегалница со по 16 бодови, а пак Шкендија Арачиново е трета со 14 бодови.

Ова ќе биде повеќе од дерби – трите бодови се силен императив, на две екипи кои имаат ефикасен напад, со одлични одбрани, па ќе биде дуел на двајцата стратези Александар Стојанов и Љупчо Марковски – Калц кои на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе ја бараат победничката формула.

Следете го дербито меѓу Беласица и Шкендија Арачиново во живо на М Нет телевизија, недела од 18:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет