Во ЖИВО на М Нет: Беласица – Детонит Плачковица, недела од 19 часот

Четвртото коло од Втората лига се затвара утре, недела со натпреварот под рефлектори во Струмица меѓу Беласица и Детонит Плачковица од 19 часот.

Дерби на Истокот кое ќе можете да го следите во ЖИВО на М Нет телевизија.

Беласица одлично тргна во новата сезона и важи за еден од фаворитите за првото место и влез во Првата лига, а според тоа како игра Беласица досега тоа и се потврдува. Фактот што струмичани одлучија натпреварите да ги играат под рефлектори е причина плус во нивните амбиции.

Беласица го има најдобриот напад со 11 постигнати погодоци со едно реми и две победи и седум бодови.

Од друга страна Детонит Плачковица има бод помалку односно шест со две победи и еден пораз. Радовишани се во комплетно нов лик, нови фудбалери и прометен ростер во однос на ланската сезона, но со одличен старт во новата сезона.

Дефинитивно во Струмица ќе гледаме голема борба за трите бодови, а токму и овој натпревар ќе можете да го следите во ЖИВО на М Нет, недела од 19 часот.

Александар Ванев, М-Нет