
Утре, четврток, на фудбалскиот терен во Кадино ќе се одигра бараж натпревар меѓу Бујковци и Беса од Сарај за пополнување на последното место во Третата македонска фудбалска лига – Север.
Ова е бараж од поразените екипи од претходниот бараж. Екипата на Бујковци која е шампион во ОФЛ Гази Баба загуби од шампионот на ОФЛ Куманово, екипата на Лопате со 2:0, додека пак Беса од Сарај која е шампион на ОФЛ Скопје загуби од шампионот на ОФЛ Липково екипата на Отља преку пенали.
Ова значи дека поразените екипи од овие бараж натпревари односно Бујковци и Беса ќе одиграат бараж натпревар за пополнување на последното место во Трета лига – Север.
Овој натпревар ќе можете да го следите во живо преку директен пренос на М Нет телевизија, кој ќе започне во 17:30 часот.
Претходно, директно во Трета лига – Север влезе екипата на Студеничани која беше шампион во ОФЛ Кисела Вода.
Од Трета лига – Север испаѓаат три екипи и влегуваат три екипи, но годинава поради тоа што Шкендија Арачиново стана второлигаш се отвори дополнително место, па затоа преку овој бараж ќе се бара четврта екипа односно последниот патник во Трета лига – Север.
Следете го соочување во баражот меѓу Бујковци и Беса од Сарај директно на М Нет телевизија, четврток од 17:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет