
Фаворитот Слога Виница со 6:0 го декласираше Светлост од Зрновци во меч од 5. коло на Трета лига – Исток, а меч кој можевте да го следите на М Нет телевизија.
На овој натпревар се испиша и историја, откако за првпат во македонскиот фудбал машки фудбал во сениорска конкуренција го судеа три судијки, а исто така и делегатот беше женско. Виолета Јанчева беше главен судија, а нејзини помошнички беа Снежана Илиевска и Александра Спасова, додека пак делегат беше Гордана Кочева.
Трета лига – Исток уште потврди дека е одлично организиран регион, каде шанса добиваат и младите судијќи во развојот на нивната кариера, а вчерашниот меч во Виница е потврда токму за тоа.
На мечот во Виница, Јанчева двапати покажа на белата точка, а пак Спасова го крена офсајд знаменцето со што беше поништен гол на Булент Сали од Слога Виница.
Во 10. минута Амар Исљам погоди за 1:0 и рано водство на Слога Виница, а во 33. минута Кристијан Ристовски од пенал зголеми на 2:0.
По само една минута игра Давид Ристовски постигна гол за 3:0, но овој погодок беше повеќе од комичен. Ристовски биеше по земја, а гостинскиот голман Јовица Ефтимов ја остави топката дури мислејќи дека ќе заврши само покрај неговиот гол, дури и крена со раце со цел дека никој не ја закачил топката со цел да нема корнер, но топката заврши во неговата мрежа.
Во финишот на мечот Кристијан Ристовски со втор гол големи на 4:0 на полувреме. На стартот од вториот дел Јанчева одново покажа на белата точка овој пат Октај Амедов беше сигурен реализатор за 5:0, а во 73. минута Амедов со втор гол ги постави конечните 6:0.
Дербито во Свети Николе заврши со триумф за Хоризонт Турново кој славеше со 1:2 над Овче Поле, Тиверија дома загуби со 0:3 од Дојранско Езеро, Малеш се израдува на првиот сезонски триумф откако славеше со минимални 1:0 над Карбинци во Берово, а пак Брегалница Делчево запиша висока победа од 4:0 над Ударник од Пирава.
Во однос на табелата Слога Виница е прва со максимални 15 бодови, Овче Поле и Турново го делат второто место со по 10 бодови. Брегалница од Делчево е на 4. место со девет бодови, Дојранско Езеро е петти со осум бода, Тиверија е шеста со шест бодови, Карбинци е седми со пет бодови, Малеш е осми со 4 бода, Ударник е претпоследен со три бода, а последен е Светлост од Зрновци со еден бод на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет