Во Виница пријателски натпревар од хуманитарен карактер меѓу Слога и Силекс

Второлигашот Слога Виница во среда ќе го одигра вториот пријателски натпревар во рамки на подготовките за пролетната полусезона. На Градскиот стадион во Виница, Слога ќе се тестира со кратовскиот прволигаш Силекс, а овој пријателски натпревар ќе биде од хуманитарен карактер, кој ќе започне во 14:00 часот.

Влезот на Градскиот стадион ќе биде по симболични 50 денари, а собраните средства ќе биде донирани за Дарко Ѓорѓиев и Тошо Лазаров.

„Почитувана фудбалска јавност, навивачи и симпатизери на нашиот клуб сакаме да ве известиме дека во среда (25. јануари) со почеток од 14:00 на Градскиот стадион во Виница организираме Хуманитарен пријателски натпревар за нашите сограѓани Дарко Ѓорѓиев и Тошо Лазаров. Натпреварот ќе се одигра против прволигашката екипа на Силекс од Кратово и ќе биде со симболичен влез од 50 денари кои ќе се наменат на нашите сограѓани на кои во моментот им се најпотребни. Исто така ќе бидат оставени и кутии за донации на самиот влез на Градскиот стадион, со таа цел ве покануваме да дојдете во што поголем број и заедно да ја покажеме хуманоста за овие наши сограѓани“, велат од второлигашот Слога Виница.

Во првиот пријателски натпревар Слога Виница загуби во Кавадарци од прволигашот Тиквеш со 3:0, а до крајот на подготовките ќе се одигараат контролни натпревари против Осогово од Кочани и Вардар од Неготино.