Во 2025 година зголемен бројот на странски туристи, државата најмногу ја посетиле од Турција

Зголемен бројот на странски туристи во државата, минатата година бројот се зголемил за 6% споредбено со 2024 година. И претходната 2025 година најмногу туристи во Македонија имало од Турција покажуваат резултатите на Државниот завод за статитсика/

Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36.7 % се домашни, а 63.3 % се странски туристи. 

Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112 001, од кои 42.4 % се од домашните туристи, а 57.6 % од странските туристи.

„Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 10.3 %. Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.8 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 6.4 %.“ – покажуваат резултатите од државниот завод за статистика/

Во 2025 година, од Турција дошле 7 303 туристи, 5 214 од Бугарија, 4 736 од Србија, 3 438 од Грција.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет