Внесување на течности и избегнување на млеко, препорачуваат лекарите за лица кои биле во кочанската дискотека

Внесување на течности и избегнување на млеко се препорачува за лицата кои се нашле во трагедијата во Кочани. Горан Андонов, специјалистот по медицина на трудот, вели дека во ситуации кога лицата имаат контакт со јаглерод моноксид користењето на млеко може да предизвика отежнување на ситуацијата, па затоа се препорачува вода. Доколку се јават нарушувања и било какви здравствени проблеми, тој препорачува веднаш да се побара помош кај своите матични лекари или во најблиските болнички установи.При ситуации на пожари, Андонов рече дека е најважно да се извадат лицата на чист воздух и да им се даде поголема концетрација на кислород. Доколку има лица во бесвесна состојба, тој вели дека треба да се даде вештачко дишење и да се транспортираат во најблиската болничка установа.

“Терапијата во ваквите случаеви најважно е да се извлечат пациентите од опожарената средина, на чист воздух. Потребно е да им се даде колку што може поголема концетрација на чист кислород, бидејки полуживотот на јаглерод моноксид е некаде 2 ипол до 6 часа. Мегутоа кога се даде 100 процентен кислород, тогаш полуживотот се намалува на 60 до 90 минути. Кога се даде 100 процентен компримиран хипербаричен кислород, тогаш тој полу живот се намалува на 15 до 20 минути. Кај лицата кои што се во бесвесна состојба, треба да се даде вештачко дишење и да се транспортираат во најблиската болника установа.“, вели Андонов

Инаку, пластиката, хартијата и дрвата се дел од материјалите, кои по појавата на пожарот создаваат различно штетни хемиски гасови, рече Андонов, додавајки дека истие се врзуваат за хемоглобинот и започнуваат да го нарушуваат процесот на дишење.

Иван Митев, М-Нет