ВМРО ДПМНЕ: Ќе се одложува ли рочиштето на Баргала до недоглед за да не се валка името на зетот?

Вчерашното одложување на рочиштето за почеток на стечајна постапка за штипска Баргала предмет за нова прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму прашуваат дали за да не се валка името на зетот на дел од акционерите од Баргала стечајната постапка ќе се одложува до недоглед?

„За жал, агонијата на работниците од Баргала продолжува! А сето тоа поради пролонгирањето на стечајната постапка и пропастот на македонскиот гигант за чевли! Затоа, повторно поставуваме неколку прашања: Дали во последните 100 метри пред изборната трка за да не се валка името на зетот на дел од акционерите на Баргала, стечајната постапка ќе се одложува во недоглед? Дали компанијата Баргала е врзана сопственички, правно и економски со останатите фирми на Барзои во Штип, Кочани, Виница, Крива Паланка… при што ако се почне стечајна постапка, целиот имот на фамилијата ќе се „замрзне“? Дали ова бесрамно изживување со работниците и доверителите не е уште еден обид преку политичкото полтронство на Градоначалникот Сашко Николов да се штитат бизнис интересите на оваа фамилија?“

Од Локалната самоуправа пак со одговор дека градоначалникот нема законски права и можности да се меша во работата на приватниот сектор.

„Локалната самоуправа и Градоначалникот немаат никакви законски права и можности да се мешаат во работата на приватниот сектор. Затоа ги замолуваме сите оние кои имаат таков интерес и намери да се обратат на менаџерските тимови и приватни компании“, истакнаа од Кабинетот на градоначалникот.

Лаура Стојанова МНет