ВМРО – ДПМНЕ со ветување до жителите во населба Сењак, ќе се уреди најфреквентната крстосница

Реконструкција на најфреквентната крстосница во населба Сењак – големиот капитален проект за кој денес се обврзаа кандидатот за градоначалник и советниците за Штип од ВМРО – ДПМНЕ. Кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов, и членовите на советничката листа, Христина Серафимовска и Лазе Димчов, преку промотивен спот ги најавија решенијата со кои, според нив, жителите од оваа населба ќе имаат комфорен живот.

„Брзиот раст на населба Сењак создава потреба од итни решенија со коишто ќе се создаде комфорен живот на сите жители од овој дел на градот. Конечно ќе се реши еден од најголемите проблеми во Штип. Ќе се реконструира и уреди најфреквентната крстосница помеѓу улиците „Борис Крајгер“ и „Сремски фронт“. Ќе изградиме многу паркови и детски игралишта. Ќе ги реконструираме улиците и тротоарите, бидејќи „Сењак“ тоа го заслужува. Ако сакаме да имаме комплетен град, во секоја смисла на зборот, должни сме активно да работиме, да создадеме нова иднина за Штип“, истакнаа тие.

Новата иднина, за која зборува Јорданов, ќе ја претстават и на вечерашната средба со граѓаните во населба Сењак.

Ребека Спасова МНет