Забелешките од коалицијата „Обнова за Македонија“ во Пробиштип, овој пат на контото на актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник од СДСМ, Драган Анастасов. Кандидатката за советник од ВМРО – ДПМНЕ, Драгана Рајиќ, на прес – конференција истакна дека ветувања имало многу, но зборовите паднале во вода, а власта ништо не покажала.
„Пред точно четири години се изнаслушавме слатки приказни за тоа каков ќе ни биде животот доколку Драган Анастасов стане градоначалник. Тој стана градоначалник, но не го донесе најавуваниот живот за сите. Сите они убави збориви за чист воздух паднаа во вода и тоа во матна отпадна вода. Четири години тој не направи ништо за животната средина, депонијата гореше со денови труејќи го цел град, мерните инструменти за контрола на воздухот сега е ненормално да не работат. Исто како и пред четири години и сега пред избори пак слушаме како наредната година ќе биде решен проблемот со јаловиштето. Ако навистина се грижеше како што зборуваше и тогаш досега ќе имаше некаков резултат, ќе немаше потреба да чекаме да дојдат нови избори за да слушнеме нови лаги и изговори“, истакна Драгана Рајиќ, кандидат за советник на о. Пробиштип од ВМРО – ДПМНЕ.
Рајиќ дополни дека во четирите години кои им биле на располагање покажале само неработење. Затоа ја побара поддршката на граѓаните за заедно да создадат нова иднина, како што и стои во слоганот на партијата.
Ребека Спасова М-Нет
