ВМРО ДПМНЕ: Здравството е пред колапс КБ Штип: Обвинувањата се трагикомични

Секторот здравство за владеачката власт не е приоритет, а за тоа зборува неизградбата на КБ Штип како и отсуство за стратегија за кадар кој лекува, истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. На младите кандидати за доктори кои не поминаа на повикот за вработување им порачаа да не ги пакуваат куферите оти со промена на власта и тие ќе бидат вработени.

„Неспособноста и неогдоворноста врши поткупување на јавното здравство со нула инвестиции во човечкиот потенцијал. Од побарани 15 согласности за вработување на доктори во КБ Штип кои не се доволни, одобрени се само 8 и тоа за оние кандидати кои се во тесни и блиски врски со лица кои се дел од владеачката СДС. Доказ дека СДС продолжува со деструктивните политики и задоволување на своите лични интереси како и задоволување на интересите на одредени поединци. Приота без нитуедно стратешко решение за задржување на медицинскиот персонал во земјата и здравство базирано на пациенти. Немањето на системско решение кое ќе ги насочи правилно лекарите, ќе ги апсорбира и правилно ќе ги распореди – се главни причини за миграција на младиот медицински кадар, а сето тоа резултира со здарвствен систем кој не е одржлив и е пред целосен колапс“ – вели Бојчевски.

Одлив на лекари во странство како и во приватните болници имало од сегокаш, има и ќе има, вратија од КБ Штип. Од таму додаваат дека обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ се траги комични.

„Одливот на лекари во странство и во приватни здравствени установи го имало, го има и ќе го има. Оваа Влада ги покачи платите, додатоците на плата, дежурствата на лекарите во неколку наврати и сега истите земаат околу 70% и повеќе од времето кога ДПМНЕ го менаџираше здравството. Дополнително, на сите приватни специјализанти им се исплаќа надоместо и платени дежурства. Со оглед на ова, обвинувањата дека СДСМ врши поткопување на јавното здравство со нула инвестиции во човечки потенцијал, се траги комични. И на крај, иако сакаме докторите да ни останат тука, ДПМНЕ се дрзна повторно партиски да ги обојува примените кандидати, но то а е нивен манир и матрица на работа и не нѐ изненадува, бидејќи кај нив буквално сѐ мора да помине низ филтрите на партијата. КБ Штип на овој оглас, а така ќе биде и на наредните, ги прими сите здравствени работници кои работеа на договор за дело и на тој начин им се оддолжи на сите нив, а на останатите им даде поттик својата иднина да ја гледаат овде.“ – стои во одговорот од КБ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет