ВЛЕН ги потврди имињата на новите министри кои се дел од реконструкцијата на Владата.
За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.
Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.
„ВЛЕН решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето. Со овој тим, ВЛЕН повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните“, велат од партијата.
Досегашен министер за правда беше Игор Филков од ЗНАМ, за култура Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ, а за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите.
Текстот ВЛЕН ги потврди имињата: Шасивари, Ферати и Сулејмани се нови министри во Владата е превземен од МАКФАКС.