Влезот на зграда на плоштадот во Штип гние во ѓубре, кровот пред распраѓање

Влез во зграда во централното градско подрачје во Штип, полн со ѓубре и отпадоци. Граѓаните регираат дека овој смет овде стои многу долго време, а никој не реагира и не презема одговороност. Дополнително на ова, зградата се наоѓа на плоштадот во Штип, но не само станарите туку овде ѓубре остава секој трети минувач. Зградата е отворена па не само ѓубре, туку се врши и нужда, миризбата е неподнослива, сликата повеќе од грда. Истовремено, кровот е пред рушење, внатре огромна дупка која стои не санирана, па преставува вистинска опасност на лужето кои живеат овде. Велат на ветер и дожд со страв влегуваат и излегуваат од своите стнови, надевајќи се дека кровот нема да се сруши.

Со оглед на фактот дека зградата се наоѓа во самиот центар прашуваат дали од јавното претпријатие може да се преземат активности за чистење на објектот. За ова го прашавме и директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека надлежноста не е нивна, односно има куќен совет, приватни комапнии кои би требало да реагираат и да го исчистат влезот на згрдата. Надлежноста на ЈП Исар е да го собре ѓубрето откако истото ќе биде ставно во корпите за отпадоци.

Граѓаните кои реагираат велат немаат Куќен Совет и незнаат кому да се обратат за решавање на овој проблем.

Од инспекторатот за домување пак истакнаа дека станарите може да се обратат до нив, за совет и понатамошни насоки, но за да се избере компанија која ќе се занимава со чистење на зградата треба да има согласност од 51% од заедницата на сопственици. Понатаму тие имаат можност да реагираат сами или да изберат управител, но повторно мнозинството станари треба да биде за оваа одлука, кажа Маријана Зенделова, овластен инспектор за домување.

Ова не е единствена станбена зграда во Штип која се наоѓа во вакава ситуација. Пред неколку месеци реагираа и станарите од зградата кај тесктилното училиште, каде влезот и подрумските простории беа полни со фекалии.

Лаура Стојанова М-Нет