Владата треба да одлучи дали ДДВ-то за дизелот останува 10 проценти или се враќа на 18

Владата треба да одлучи дали намалената стапка на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 проценти, ќе продолжи да важи и понатаму.

Одлуката на Владата треба да биде позната пред новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која во понеделник ќе ги утврди цените на горивата за следните седум дена.

Во Македонија, покрај намаленото ДДВ за дизелот, во сила е и намалена акциза за четири денари за литар, и за дизелот и за бензините.

Моментално дизелот се продава за 104,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 чини 99 денари, а БС-98 чини 101 денар.

Владата најави дека, доколку биде потребно, ќе разгледа и дополнителни мерки за ублажување на ценовниот удар.

Текстот Владата треба да одлучи дали ДДВ-то за дизелот останува 10 проценти или се враќа на 18 е превземен од МАКФАКС.