Вкусна за јадење, тешка за чистење, велат штипјани за калинката

Омилена меѓу граѓаните, здрава и богата со витамини, калинката и оваа сезона е присутна на пазарите. Штипјани велат дека е многу вкусна, па освен што ја јадат свежа, често ја користат и за подготовка на сокови, чаеви и компоти. Единствената мака, велат, е нејзиното чистење, бидејќи одвојувањето на сочните зрна од кората бара повеќе време и трпение. 

Граѓаните на терен покажаа како се чисти калинката и се стигнува до сочните зрна, изјавувајќи дека здрав и среќен е оној што секојдневно јаде калинка.

Обожувана од сите, калинката со својата препознатлива црвена боја и зрна богати со витамини е омилениот вкус на есента.

Ева Тушевска, М-Нет