
И покрај фактот дека дел од лицата со оштетен вид се со високо образование сепак загрижувачка е ситуацијата со вработувањето, вели Претседателот на здружението на слепи лица Штип, Драги Витанов. Ова прашање беше отворено и на средба со градоначалникот Јорданов, па се очекува да се најде решение и да се вработуваат и лицата со оштетен вид, додава Витанов.
„Имеме петтмина невработени лица. Дефинитивно вработувањето е проблем, некна и на средба со градоначалникот го отворивме ова прашање. Ќе видиме човекот се потруди да напарви нешто, некаде да лобира, да може да се вработат нашите членови.“ – вели Витанов.
Освен вработувањето проблем се и примањата, односно слепите лица не земаат никаква финансиска помош за старост. Ова треба да се промени дециден е Витанов.
„Имае лица над 65 години кои освен примањата по основ на инвалидност, по основ на старост немаат никакви средства. Барав од пратениците да се разгледа и тоа, да и се овозможи на слепите лица да користат и тие онаа социјална помош од 5000 до 6000 денари за да може и тие да бидат во една рамноправна состојба, положба со другите лица.“ -додава Витанов.
На општинско ниво вели проблемите полека се решаваат. Обезбедено е нивно безбедно движење по тротоарите, институциите се достапни за движење на лицата со оштетен вид и лица во колички, а од големо значење е и поставување на ограда покрај река Отиња.
Соработката на здружението со Локалната самоуправа е одлично вели претседателот Витанов па се очекува да бидат надминати сите потешкотии и проблеми со кои се соочуваатслепите лица за и тие да бидат рамноправни со останатите граѓани во општеството.
Лаура Стојанова М-Нет