
Високи сметки за струја уште пред стартот на грејната сезона. Граѓаните велат дека причина се вклучените клими наутро и навечер, кога имаше посвежи температури. Велат колку и да се штеди, сепак без греење не може да се издржи, особено сега кога дневните температури, како денеска се по 13 степени. Скапо или евтино, за штипјани греењето е неопходност, а повисоките сметки за електрична енергија неизбежен трошок.
Кога се во прашање следните месеци, граѓаните велат дека сметките за струја нема да бида под 4000 денари, имајки предвид дека греењето ќе биде на клима уреди.
Иако најголем дел граѓани се грејат на клима, а помал дел на дрва, сепак кога ќе се направи математика, тие велат дека доаѓа капа за глава, само што со клима уред им е полесно, бидејки со еден допир го затоплуваат целито дом.
Иван Митев, М-Нет