Висока победа за Карбинци, трите бодови во Виница, Светлост Зрновци до триумф!

Екипата на Карбинци забележа победа од 0:4 над Хоризонт Турново на гостински терен, во меч каде Илиевски го отвори резултатот, а Соколив од пенал погоди за 0:2 на полувреме. Во вторито дел Крстов и Спиродонов постигнаа погодоци за победа од 0:4.

Екипата на Дојранско Езеро со голот на Цонев славеше над Овче Поле на домашен терен, а пак Слога Виница преку погодоците на Петковски и Стојанов обезбеди победа од 2:0 над Брегалница од Делчево во дербито на колото со што фаворитот од Виница ита кон баражот за Втора лига максимално подготвен.

Ударник дома загуби од Малеш од Берово со 1:2. Тенекеџиев беше стрелец за домашниот, за гостите погодија Андреевск и Бојчовски. Екипата на Светлост Зрновци со 3:2 славеше преку пресврт над Тиверија. За домаќинот Стефановски, Гаврилов и Шуманов беа стрелци, за гостинот двоен стрелец беше Тимов.

Слога Виница има 13 бодови повеќе од второто и третото место каде што е Овче Поле односно Брегалница од Делчево со по 13 бодови.

Александар Ванев, М-Нет