
Македонија со пбоеда од 0:3 ги започна квалифиакциите за СП 2026, откако во Вадуц го совлада Лихтенштајн, победа која беше посветена на големата трагедија која се случи во Кочани.
Само седум минута игра беше потребо за Македонија преку Александар Трајковски дојде до 0:1, а во финишот на првиот дел Висар Муслиу погоди за 0:2 на полувреме.

Во 59. минута од натпреварот македонските навивачи оддадоа почит за 59-те жртви на големата трагедија во Кочани, а печат на големата и убедлива победа стави Бојан Миовски, со гол во 84. минута за конечни 0:3.

Во вторник Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ ќе игра против Велс.
Александар Ванев, М-Нет