Висок пораз за Текстилец УГД во Неготино, Младост го покажа квалитетот и во Свети Николе

Ракометарите на Текстилец УГД забележаа пораз откако на гостувањето во Неготино, штипјани загубија од Вардар со 41:32, во рамки на 18. коло на Првата ракометна лига.

Ако во Штип подобар беше Текстилец УГД, сега Вардар беше подобар во Неготино. Од самиот почеток неготинци изградија предност од неколку погодоци која постојано ја надоградуваа и на полувреме имаа 20:17.

Во вториот дел разликата постојано се зголемуваше од конечни 41:32.

Ѓорѓи Орешков и Наќе Ѓорѓиев со по 11 гола беа најдобри стрелци за Вардар Неготино, а кај Текстилец УГД најдобар стрелец беше Лазар Стојанов со осум гола, а седум имаше Јован Атанасовски.

Без проблеми непоразениот лидер Младост од Богданци славеше над Овче Поле во Свети Николе со високи 21:36. Александар Димитров за домашниот тим имаше 11 гола, а кај гостинот се истакнаа Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ со по седум гола.

Сигурни и убедливи победи имаат Драчево Јуниор кој славеше над Партизан во Гевгелија, Македонија ЃП кој со 40:29 ја доби Јехона, како и високиот триумф на Мулти Есенс кој со 55:20 славеше над Кичево.

Тимот на Аеродром стигна до сигурна победа од 25:31 над Преспа во Ресен.

Водечка екипа на табелата е Младост со 32 бодови, а толку има и Мулти Есенс кој е втор, но тимот од Автокоманда има меч повеќе. Екипата на Текстилец од Штип е осма со 16 бодови, а на дното е Кичево со минус еден бод.

Александар Ванев, М-Нет