Виктор Паунов е меѓу осумте кандидати за градоначалници од ВМРО ДПМНЕ за Општините во Истокот

На денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ објавена и втората група кандидати за градоначалници за претстојните избори наесен. Овде беа презентирани имињата на осум кандидати за општините од Истокот, односно Виктор Паунов за Карбинци, Далибор Ангелов за Чешиново Облешево, Дејан Владев за Свети Николе, Димчо Атанасовски за М. Каменица, Елеонора Рашковска за Берово, Маријан Миленковски за Пробиштип, Миле Петков за Виница и Александар Китански за Пехчево.

За кандидатот за градоначаник на Општина Карбинци, Виктор Паунов ова е прва кандидатура за градоначалник. За нашата телевизија тој истакна дека Крабинци заслужува подобра иднина.

„По одлука на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ сум избран за кандидат за градоначалник за Општина Карбинци. ВМРО ДПМНЕ во Карбинци ќе ја продолжи оваа низа на победи и овој пат уште посилно во првиот изборен круг. Изборот е јасен, нема калкулации, изборот е меѓу истрошени кадри или нова енергија“ – истакна Паунов.

Сегашниот актуелен градоначалник Јордан Насев пак истака дека на претстојните избори ВМРО ДМНЕ немаат реални шанси за победа.

„Не очекувам дека ќе добијат поддршка на претстојните избори, очекуваме огромна победна со огромен резултат“ – истакна Насев.

Инаку на првата прес конференција на ВМРО ДПМНЕ помеѓу 26 те прво презентирани кандидати за градоначалници од истокот беа Иван Јорданов за Штип и Љупчо Папазов за Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет