Виктор Наумовски и Стојан Попоски нови засилувања на Брегалница

Второлигашот Брегалница од Штип за новата сезона се засили со Виктор Наумовски и Стојан Попоски.

Двајцата фудбалери се родени во Охрид, Наумовски доаѓа од второлигашот Охрид Лихнидос, а пак Попоски од Скопје.

22-годишниот Наумовски ќе го засили средниот ред на Брегалница, а одлично се служи и со левата нога. Во својата кариера има настапувано за Тиквеш и младинските категории на Брера Струмица.

23-годишниот Попоски ја засилува напаѓачката линија на Брегалница, станува збор за корпулентен офанзивец, кој во претходната сезона беше стандарден во Скопје. Својата кариера Попоски ја започна во Њу Старс, а настапуваше и за Кадино и за велешки Борец.

Брегалница за новата сезона влегува со амбиции за експресно враќње во фудбалската елита на Македонија, за таа цел претходно беа промовирани Јовица Радевски, Зоран Даноски, Зоран Ивановски, Давид Стојков, Грегори Давков и Бојан Иванов.

Како што дознава телевизија М Нет, нови засилувања кои треба да бидат дополнително промовирани се и голманот Дамјан Серафимов кој доаѓа од редовите на Охрид, како и дефанзивецот Иљаз Чилафи од прволигашот Брера Струмица.

Александар Ванев, М-Нет