
Вечерва со пчеток во 18:30 ч. ќе бидат врачени признанијата ,,19 Декември“ во храмот Свети Никола во Штип.
Општина Штип традиционално за свој патрон го има и го одбележува празникот на големиот заштитник на вистината и правдата меѓу луѓето, меѓу светителите и угодниците – Свети Никола. По тој повод, Општина Штип секоја година достоинствено го одбележува празникот, во чии рамки централно место зазема врачувањето на највисокото општинско одличје – Орденот „Свети Никола“. Носители на Орденот се личности кои во континуитет се истакнале со својот несебичен ангажман и дале значаен придонес кон сеопштата афирмација на државата и градот. Со особено задоволство и чест од страна на општината известуваат дека почитуваниот академик Јордан Поп-Јорданов постхумно е добитник на највисокото одличје на Општина Штип – Орденот „Свети Никола“ за 2025 година. Воедно,посочија дека носители на Признанието „19 Декември“ за 2025 година се: проф. д-р Билјана Ефтимова, Здружение на граѓани Градски хор Штип, приватна компанија, Армија на Република Македонија – Касарна „Јане Сандански“ Штип и Трајче Кацаров, писател. Признанијата ќе бидат врачени свечено во рамките на Празничната вечерна богослужба, која ќе се одржи во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип, вечерва, со почеток во 18:30 часот. Претходно, со почеток во 16:00 часот, во чест на добитникот на Орденот „Свети Никола“ за 2025 година, академик Јордан Поп-Јорданов, ќе се одржи Свечена академија во салата на Советот на Општина Штип.