
Вечерва со почеток од 17 часот започнува новогодишниот базар во Штип. Се очекуваат сите дечиња заедно со своите родители, баби, дедовци и роднини да присуствуваат на настанот. Најпрво ќе се остават писма под елката со желбите до Дедо Мраз, а веднаш потоа од 17:30 ќе започне програмата на штипската едносмерна, која сега е реконструирана и украсена за најмалите.
“Да најавиме почеток на новогодишниот базар, организиран од Општина Штип. Денес е предвидена програма во 17 часот и сакаме да ги поканеме сите дечиња со своите родители, со нивните баби и дедовци да присуствуваат на градскиот плоштад, каде што ќе ги стават на елката своите новогодишни писма со желби до Дедо Мраз, потоа програмата продоложува на пешачката петка на едносмерната улица во 17:30 часот со настап на градски хор Штип и во 18:00 часот со настап на аре брадерс бенд. Во наредните денови се до 30 ти декември секојдневно ќе има новогодишна програма проследена со изведувачи, како и присуство на угостители и други аниматори, кој што ќе дадат посебен шмек.“, вели Здравков
Целта на ваквиот проект е да се создаде боката програма и за најмалите, но и за возрасните, исто како и во европските држави. Со период од еден месец, штипјани ќе имаат можност да уживаат во новогодишниот амбиент во градот.
Лаура Стојанова, М-Нет