
Со штипјанецот Зоран Илиев, познат по одличните забави и ДЏ Гоце Саф вечерва во 21 часот започнува седмиот по ред СБФ во Ангелс кафе во Штип, кој годинава ќе ја одбележи и првата година од повторното отворање. Првата вечер ќе трае до еден часот, а од утре до недела, работното време ќе биде до три часот по полноќ.
Со оглед на корона состојбата во државата, за забавата во наредните три дена во оваа за младите престижна локација, ќе се погрижат познати музички имиња, пејачи, бендови и ДЏ-и, претежно од Македонија.

Како и секоја година претходно предвидена е и дневна забава, а за утре познато е дека сите присутни од 12 часот ќе ги забавуваат ДЏ Катерина и Чедомирски Сакс, а од 15 часот Александар Тодоровски акустик.
Утревечер, од 21 до 23 часот за забавата ќе се погрижи Симона Поповска, од 23 од 01 часот по полноќ ДЏ Панчо ака Шорти Пи, а од еден до 3 ДЏ Ири Скратч.
Во сабота од 12 до 15 часот ќе настапи ДЏ Инвиктоз, а од 15 до 18 часот присутните ќе ги слушнат членовите на штипската група Но Енд. Термините од 21 до 03 часот по полноќ резервирани се за Бока Конга и Боки Сакс, ДЏ Насти и ДЏ Марга.
Во недела, од 12 до 15 ќе се ужива во изборот на песни од ДЏ Вера Јанкович, а од 15 до 18 во прекрасниот глас на кавадарчанката Наташа Малинкова.
Мето Ди Флеш и Хабана Бриз Банд ќе настапат од 21 до еден часот, а тридневната забава ќе заврши со познатиот ДЏ Тасев.
За да се случи уште еден настан кој долго ќе се памети, од Ангелс кафе апелираат на совесност од страна на сите кои ќе присуствуваат на забавите кои ќе се организираат во наредните три дена. Да бидат одговорни и да се грижат за сопственото, но и здравјето на останатите.
За тоа е подготвен и специјален протокол, со цел да се запазат мерките за безбедност масите ќе бидат на потребното растојание, а бројот на посетители ќе биде ограничен.
На забавите ќе можат да присуствуваат само оние со претходно резервирани маси.