Верниците според грегоријанскиот празник утре го празнуваат Христовото Воскресение – Велигден

Верниците кои се водат по грегоријанскиот календар утре го празнуваат најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден. Денеска се одбележува Велика Сабота, ден предвесник на најголемата радост, и Католичката црква во Штип е отворена од до 17:00 часот за сите верници.

„Црквата денес на Велика сабота ќе биде отворена цел ден и сите ќе имаат можност да се помолат пред Христовиот гроб, да размислат за себе и за своите блиски, а и за покојните кои не се со нас. Знаеме од Светото писмо како денес на Исус Му беше искажана последната почит со тоа што телото Му беше ставено во гробница, а телото воскресна“, вели Ангелов.

Воскресението Христово, пак, ќе се слави на литургијата која почнува во 19:00 часот. Вечерва како и утре, на утринската од 10:00 часот ќе се слави Христовиот пат, кој е Неговото воскресение и живот. Како симбол на секоја победа, празникот значи победа над смртта и вечен живот. Воскресението Христово е воскресение на секој човек, а радосниот поздрав „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ е пораката која на велигденскиот ден се шири меѓу луѓето.

„Христовиот пат, Христовата вистина и живот е Христовото воскресение, победа над смртта и вечен живот. Тоа е победа над неправдата, над лагата. Христовото воскресение е гаранција за сите нас. Ја користам оваа прилика да ги честитам тие велигденски празници на сите христијани“, додава Ангелов.

Во изминатава недела се чествуваше Страсната седмица, кога вернците се присетуваа на сите настани кои му претходеле на Христовото Воскресение.

Ребека Спасова М-Нет