
Лицата кои утре ќе скокаат по светиот крст да бидат исклучително внимателни, претпазливи и сериозни, советуваат лекари. Имајќи го во предвид студеното време и ниските температури, лицата треба да бидат здрави со потврда од матичен лекар. Пред влегувањето во вода не треба да консумираат алкохол и во студените води не треба да се задржуваат повеќе од три минути. На таков начин ќе се избегне шок на телото, премрзнување односно хипотермија.
„Имајќи ги во предвид временските услови и ниските температури на водата, повикуваме на исклучителна внимателност, претпазливост и сериозност. Треба да потенцираме дека никако не треба предвреме да се влегува во водата. Лицата кои ќе влегуваат во водата да носат обувки и никако да не се задржуваат повеќе од три минути. При излегувањето да облечат сува и топла облека. Ова е важно за да се избегне опасноста од смрзнатини и хипотермија на телото. Пред да се влезе во вода никако да не се консумира алкохол бидејќи може да се постигне спротивен ефект и да дојде до побрзо премрзнување.“ – вели Бојчевски.
И во самото пријавување, граѓаните кои сакаат да скокаат по светиот крст, треба да приложат потврда од матичен лекар дека се здрави. На тој начин се избегнува можноста од несакани последици по влегувањето во студените води.
Лаура Стојанова М-Нет