
Фудбалскиот клуб Силекс ги известува свои навивачи и поддржувачи дека билетите за натпреварот од првото квалификациско коло против Динамо Минкс од Конференциската лига на УЕФА се пристигнати, а со тоа може да се пријават сите навивачи.
Од клубот посочуваат дека поаѓањето за натпреварот е во 17 часот од Кратово, со што се потенцира да нема доцнење, односно сите навивачи да пристигнат навремено.
Исто така, од ФК Силекс излегоа со важно известување дека за публиката ќе биде отворена северната трибина, додека источната трибина ќе биде наменетеа исклуливо за навивачката група Кратери.
Првиот меч меѓу Динамо Минкс и Силекс ќе се одигра на 9 јули во Бугарија со почеток од 19 часот, а реваншот е закажан за 16 јули во Скопје со почеток од 20 часот.
Силекс се подготвуваше во Охрид за предизвикот кој им следува со Динамо Минкс, а на последниот тест одигра на стадионот „Железарница“ во Автокоманда со 4:0 кратовскиот тим го доби косовски Балкани.
Александар Ванев, М-Нет