
Во холот на ООУ Тошо Арсов Штип денеска се одржа традиционалниот Велигденски базар, кој привлече голем број ученици, родители и наставници.
На базарот беа изложени рачно изработени велигденски украси и креативни изработки, создадени со многу труд, љубов и имагинација. Учениците, со поддршка од наставниот кадар и родителите, уште еднаш ја покажаа својата креативност и посветеност.

Настанот помина во празнична и весела атмосфера, исполнета со дружење, радост и хуман дух, во пресрет на големиот христијански празник Велигден.
Од училиштето потенцираат дека и понатаму ќе продолжат да ги негуваат вредностите како што се креативноста, заедништвото и хуманоста кај учениците, преку вакви и слични активности.