
Намалување на рестриктивните мерки, полицискиот час да започнува од 21 часот наместо од 20 како што беше досега и да трае до 5 часот наутро наредниот ден, е прдологот на Комисијата за заразни болести. Ова како мерка да стапи на сила од среда 28 април. Исто така се предлага и отварање на терасите и отворените делови на угостителските објекти од среда. За овој предлог Владата треба да одлучува на седницата утре дали предлозите ќе бидат прифатени или не. За најголемите празници Велигден и Рамазан на денот на нивното празнување да нема никакви рестрикции ниту полициски час. Тоа значи дека во сабота спрема недела ден пред христовото воскресение полицискиот час нема да важи, исто како и на 12 спрема 13 мај кога се празнува Рамазан Бајрам. За време на празниците рестрикциите нема да важат за граѓаните и нивното движење, но угостителските објекти ќе работат до 20 или 20:30 часот. Донесениве предлог мерки од страна на Комисијата за заразни болести, прифатени се и од Кризниот штаб, а истите ги истакна и министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата пред салата за вакцинација „Борис Трајковски“ . Ова благо олабавување на рестриктивните мерки пред се се должи на намалување на бројот на новозаразени лица од ковид 19, како и намалениот притисок врз болниците. Сепак се очекува граѓаните да бидат многу претпазливи за по празниците да не се соочиме со нов ковид бран.
Лаура Стојанова М-Нет