Велешанец приведен во Штип поради агресивно однесување кон полициски службеници

На 11.07.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле Д.Н.(36) од Велес, бидејќи во 01.20 часот на ул.,,Гоце Делчев“ во Штип агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По комплетирање на случајот против Д.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.