Варичелата присутна и за време на високите температури, докторите препорачуваат прележување во детска возраст

Варичелата или овчата сипаница сеуште се јавува кај пациентите и покрај високите температури во летниот период. Докторката Дијана Шишкова Гајдарџиска вели дека тоа претсавува еден ланец кој постајоно кружи во градинките кај дечињата кои ја немаат прележано. Но има и возрсни пациенти кои се јавуваат и бараат помош во лекувањето бидејќи кај нив текот на самото инфективно заболување е проследено со потешка симптоматологија.

„И летниот период доаѓаат пациенти со заболување варичела, таа овчата сипаница се уште ја има и покрај високите темепратури, тоа е еден ланец кој оди и во градинките кај децата кои немаат прележано, меѓутоа се соочувавме и со потешки пацинети, возрасни, родители нивни кои немаат прележано во детската возраст и кај нив оди со потешка симптоматологија.Повисока температура, општи симптоми, така да постоеше сипаницата како варичела и ја имавме. Од другите сипаници немаше ништо. “ – изјави Шишкова Гајдарџиска

На инфективното оделение бројот на пациени со варичела е многу поголем за разлика од другите видови на сипаница, може и да не ги има. Докторите апелираат дека најдобро е дечињата да ја прележат сипаницата во периодот на предшколска и школска возраст.

„Тоа и од народно се знае дека најдобор е да децата ја прележуваат сипаницата во детска возраст, односно во периодот предшколска возраст и школска возраст.Секогаш постарите пацинети кои ги имаме над 20, 30 и 40 години одат многу побурно, со мнпгу високи температури, потешки осипи, компликации од страна на пнеумонија и други заболувања. Кај дел од нив преминува и болничкото лекување,а останатите се лекуваат во домашни услови со препорака за излоација, мирување и минување на периодот на рековалесценција кога можат да се јават потешки компликации.“ – додава Шишкова Гајдарџиска

Деицидни дека повозрасните паценти сипаницта ја прележуваат во потешка фаза и со побурна реакција. Често пациентите кои во 20, 30 и 40 години прележуваат сипанца, преминуваат на болничко лекување, со високи температури, потешки осипи, комликации од страна на пнеумонија и други заболувања.

Лаура Стојанова, М-Нет