
Во финишот на есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а по 14 одиграни кола на врвот е Вардар, кој има 36 бодови и всушност е единственот тим кој нема пораз. Најблиску до лидерот е Струга Трим Лум со бод помалку односно има 35 бодови.
Трет на табелата е тимот на Шкендија, актуелниот шампион има 30 бодови на своето конто. Силекс е четврти на своето конто има 28 бодови.
Во средишниот дел барем засега сигурни се новите прволигаши Башкими кој е петти со 22 бодови и дебитантот Арсими кој е шести со 18 бодови. Брера Струмица е над бараж зоната како седма со 16 бодови.
Во бараж зоната е Тиквеш кој има 15 бодови, повратникот Македонија ЃП е деветта со 14 бодови, а толку има и Пелистер кој е место подолу односно десетти или во зоната за директно испаѓање.
Работнички и натаму ја продолжува лошата серија резултати со три порази во низа, на своето конто тимот од Дебар Маало има седум бодови, а на дното е Шкупи со еден бод, единствен тим кој нема триумф, а притоа има серија од едно реми и 13 порази.
Работнички ниту со тренерските промени не може да најде резултатска стабилизација, минатата сезона „романтичарите“ се бореа за титула и излез во Европа, трката за титулата ја загуби Работнички, но излезе во Европа, каде не се многу прослави со едно одиграно коло.
Шкупи е во многу лоша ситуација, клубот од Чаир има 15 бодови негатива од седмото место кое директно гарантира опстанок, апак 13 бодови од бараж зоната, што само по себе укажува дека тимот ќе има тешка пролетната сезона.
Александар Ванев, М-Нет