Вардар и Кочани во дерби за прво сезонско славје, Љуботен и Скопје во дерби за кој да биде лидер!

ФОТО: Александар Ванев, забрането е превземање на фотографијата без добиена согласност!

Петтата рунда во Првата женска фудбалска лига носи возбудливи натпревари, а кои пак натпревари ќе може да направат промени на табелата.

Дерби од дното на табелата, дерби за прво сезонско славје ќе одиграат Вардар и Кочани. Ова ќе биде дерби и на двата нови прволигаши, Вардар е дебитант, а пак Кочани е повратник.

Вардар е на дното без бодови и покрај тоа што ќе бара прва победа ќе бара и први бодови, а пак Кочани кој има еден бод ќе атакува на првото славје. Овој меч е важен во две екипи кои борбата ја светуваат да обезбедат опстанок.

Двете екипи со максимален учинок шампионот Љуботен и Скопје ќе одиграа дерби меч за кој да го превземе врвот и кој да го продолжи максималниот учиник. Секако дека Љуботен ќе биде фаворит, а пак Скопје сигурно е дека ќе сака да направи изненадување во Тетово.

Речица и Тиверија Брера ќе се соочат во меч каде и двете екипи сакаат триумф и нови три бодови со цел бегство од долниот дел на табелата и прогрес кон горниот дел од табелата.

Ас Јунајтед на домашен терен како фаворит ќе игра против Топ Гол од Битола, а пак во Пржино ќе има неизвесна пресметка на Истатов и Каменица Саса.

Александар Ванев, М-Нет