
Како што информираше есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за фудбалерот Роџерс Касим Мато, управата на клубот донесе одлука за утврување на откупна клаузула во висина од 1.500.000 евра.
„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер Рогерс Кассим Мато, Управата на клубот донесе одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра“, се вели во соопштението на клубот.
За Мато претходно пристигна понуда од шкотскиот тим Хартс во висина од 350.000 евра, по што Вардар експресно ја одби понудата. Мато е на радар на повеќе странски клубови по одличните натпревари.
Александар Ванев, М-Нет