Поранешен голман на Брегалница ја заврши авантурата во БиХ и сега е слободен!

ФОТО: HŠK Posušje

Поранешниот голман на Брегалница, Давид Денковски ја заврши својата авантура во Босна и Херцеговина во дресот отако се раздели со Посушје. Денковски шест месеци порано ја заврши својата авантура во Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Разделбата доаѓа по взаемна согласнот на двете страни, односно фудбалскиот клуб Посушје и македонскиот голман, па така 25-годишникот е слободен да ја продолжи кариерата во нова средина.

Настапот на Денковски во Посушје беше прва странска авантура, а претходно настапуваше во македонскиот шампионат за екипите на на Вардар, Шкупи, Брегалница, Брера и Кит Го од Пехчево.

Во следниот период ќе биде познат каде поранешниот голман на Брегалница, Давид Денковски ќе ја продолжи кариерата.

Александар Ванев, М-Нет